Џастин Бибер доби забрана за настапи во Кина поради „лошо однесување“
Кинеските власти соопштија дека на канадскиот поп пејач Џастин Бибер нема да му биде дозволено да настапува во Кина, поради „неговото однесување на сцената и зад неа“.
Во изјавата на Канцеларијата за култура на Пекинг се објаснува дека пејачот извршил „неспецифични прекршоци“, меѓу кои и возење во алкохолизирана состојба и тркање во Ламборџини.
- Џастин Бибер е талентиран, но воедно е и контроверзен млад пејач. Ние сметаме дека зад себе има многу лошо однесување во социјалниот живот, како и во текот на перформансите, што предизвикаа незадоволство во јавноста во Кина, стои во соопштението.
Настапот на Бибер во Кина во рамките на неговата турнеја „Believe“ во 2013 година, беше проследен со многу инциденти, а како најголема навреда за Кинезите беше тоа што телохранителите го носеле на Кинескиот ѕид, односно тој не ги удостоил ниту да стапне на него.
Младиот пејач не е прв странски уметник на кој му е забранет настап во Кина, но во неговиот случајот за забраната не се политички.
Така, групата „Марун 5“ била приморана да ги откаже настапите во Кина, откако нивен член испрати честитка за роденденот на Далај Лама кој бил прогонет. Пред шест години забранет беше и настапот на „Оејзис“ откако нивниот фронтмен Ноел Галагер учествуваше на концертот за поддршка за незавосност на Тибет во Њујорк.
На крајт, во соопштението на Канцеларијата за култура се изразува надеж дека канадскиот пејач „ќе порасне. ќе го подобри своето однесување и повторно ќе ја освои публиката“.
Ново на Сител
-
Нејмар: Се чинеше дека моето враќање е блиску, но нема да можам да го носам дресот на Бразил
-
Хрватскиот премиер Пленковиќ опериран поради срцева аритмија
-
Норис најбрз на квалификациите за Големата награда на Австралија
-
Метеоролозите предупредуваат: Торнада и силни бури се закануваат на Југот на САД
-
Во Белград се очекува попладнево голем протест на студентите во блокада
-
Трамп: „Бев малку саркастичен“ за запирање на војната во Украина за 24 часа
-
Изгласана недоверба на членовите на Судскиот совет, но за заминување од функциите одлучуваат самите
-
Поради дефект без вода селата Батинци и Љубош