-->
-->
Приведен стружанец осомничен за измама
-->
Струшката полиција лиши од слобода 47-годишно лице под сомнение за сторено кривично дело измама, соопшти денеска СВР Охрид.
Според информацијата, вчера во 7 часот и 40 минути полициски службеници на улицата „Чеде Филипоски“ во Струга, го лишиле од слобода А.Н.(47) од Струга, кој се сомничи дека е сторител на кривичното дело „измама“.
- По наредба на судија на претходна постапка, припадници на криминалистичката полиција од СВР Охрид и ОВР Струга, извршија претрес во неговиот дом, при што пронајдоа и одзедоа повеќе налози, уплатници и други документи, значајни за расветлување на кривичното дело, стои во соопштението.
По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Ќе се зголемат ли цените на храната по новогодишната кошница?
-
Моментална проодност на патните правци низ земјава
-
Тема на денот со Изет Меџити, вицепремиер и министер за животна средина
-
Македонија под снег и мраз
-
Македонија под снег и мраз
-
Граѓани со скршеници ги полнат болниците
-
Ослободителна пресуда за Гордана Јанкуловска, затвор за началниците во бегство
-
По интерпелацијата Даути си се смета за разрешена, но се уште нема оставка