-->
-->
Приведен осомничен дилер во Скопје кај кого се пронајдени околу три килограми марихуана
-->
Денеска околу 10.50 часот на булевар „Борис Трајковски” во Скопје е приведен е Ф.В.(22) од Скопје, откако полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје, при преглед во неговата торба пронашле околу три килограми марихуана.
Пред да биде лишен од слобода, информираа од МВР, тој се обидел да избега, но набргу бил фатен и приведен.
Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во Белград од синоќа наврнаа над 55 литри дожд
-
Маж во Атина застрелан во автомобил со најмалку 15 куршуми
-
Црвеното ниво за безбедноста во Србија останува на сила
-
Изгаснат пожар во Старата прилепска чаршија
-
Тери го критикуваше Би-Би-Си за навредливиот прекар кон Роналдо
-
ЕВРО2024: Франција четвртфиналист
-
Кошта прв голман кој не примил гол во пенал-серија на ЕП
-
Г.г Стефан упати честитка до новоизбраниот бугарски патријарх Даниил