-->
-->
ЕВРО2024: Франција четвртфиналист
-->
Фудбалерите на Франција ја совладаа вчеравечер Белгија со 1-0 (0-0) и се пласираа во четвртфиналето на Европското првенство во Германија.
Пласманот меѓу осумте најдобри европски репрезентации Франција го обезбеди во финишот на дуелот во Дизелдорф со автоголот на Вертонген во 85 минута, кој несреќно ја смести топката во сопствениот гол по ударот на Коло Муани.
Противник на Франција во четвртфиналето ќе биде Португалија откако ја совладаа репрезентацијата на Словенија.
Четвртфиналните двојки на ЕВРО2024 ќе бидат комплетирани денес кога на програмата се двата завршни осминафинални натшревари меѓу Романија – Холандија и Австрија – Турција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Сиљановска-Давкова на состанок со началникот на ГШ и министерот за одбрана
-
Пожари во Гевгелија и штипско Караорман
-
Приватните превозници во јавниот градски превоз во Скопје возат само до 10 часот
-
Именување на генерален секретар на Собранието и барања за апанажа од поранешни министри на Комисијата за прашања на изборите и именувањата
-
Изречени 117 санкционирани возачи во Скопје
-
Бајден: Во претседателската трка сум до крајот, не се откажувам
-
Французите протестираа против десницата
-
Ураганот Берил ја погоди Јамајка и ослабен се упати кон Мексико | ВИДЕО