-->
-->
Приведен маж кој се обидел да земе кредит со украдена лична карта
-->
На 02.11.2023 околу 09.30 часот во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Чаир го лишиле од слобода Х.З.(45) од с.Крушопек, скопско.
Тој се сомничи дека одзел лична карта на лице од скопско село и во филијала на финансиско друштво на подрачје на Бутел се обидел да земе кредит, претставувајќи се дека е лицето, но од вработените бил забележан дека лажно се претставува.
Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти МВР во дневниот билтен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Лишена од слобода скопјанка барана со потерница
-
Владата на Косово го забрани Тик Ток во јавните институции
-
Хрватска смета дека е неприфатлива одлуката на Црна Гора да ја донесе Резолуцијата за геноцидот во Јасеновац
-
Поради градежни активности изменет режим на сообраќај во дел од Општина Аеродром
-
ЕУ ги дополни листите на санкционирани за поддршка на агресијата врз Украина
-
Пет лица загинаа во напад со дрон во руската област Курск
-
Единствениот реформски кандидат води на претседателските избори во Иран
-
Состојба на патиштатa