Владата на Косово го забрани Тик Ток во јавните институции
Владата на Косово ја одобри нацрт-стратегијата за борба против дрогата за периодот од 2024 до 2028 година и ја забрани употребата на социјалната мрежа ТикТок во јавните институции.
Заменик-министерот за внатрешни работи Бардил Добра изјави дека целта на забраната за користење на TikTok во јавните институции е да се спречат сајбер напади, пренесе RTK2.
Тој објасни дека сите јавни институции се обврзани да ги воведат потребните технички ограничувања за да се спречи користењето на социјалната мрежа ТикТок и дека на јавните службеници им е забранет пристап до мрежата преку нивните службени телефони.
„Таа мерка е превентивна. Сите европски земји презедоа слични чекори. Сакаме да имаме превентивни мерки и да не дојдеме во ситуација да имаме напади и потоа да се справуваме со последиците. Дозволено е користење на лични уреди, но не и на државната мрежа во работно време“, рече Добра.
Ново на Сител
-
МВР: Чекањето на ГП Табановце за влез и излез од државата е поради прогласеното црвено ниво на безбедносен ризик од тероризам во Србија
-
Дел од српската опозиција за „Данас“: Владата ја направи безбедноста фарса
-
Венко Филипче избран за нов претседател на СДСМ, реакции од другите двајца кандидати | ВИДЕО
-
Активни пожари во струмичко и прилепско
-
Од денеска струјата по нова, минимално зголемена цена
-
Српски полицајци во заеднички патроли со црногорски колеги на приморјето
-
Осумнаесет израелски војници ранети во напад на дрон извршен од Хезболах
-
Екстремната десница извоjува историска победа во првиот круг од парламентарните избори во Франција