Македонија
9. May 2023 - 13:58

Приведен малолетник кој украл мотоцикл и се возел со него

Денеска (09.05.2023) во 02.45 часот на бул.„Јане Сандански“ во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Аеродром лишиле од слобода 16-годишник од Скопје, информира МВР.

Малолетникот бил запрен при управување мотоцикл со скопски регистарски ознаки за кој не поседувал документација, а по преземени мерки и извршени проверки било констатирано дека мотоциклот е сопственост на Н.С.(29) од Скопје, а тој го одзел околу 01.00 часот пред зграда на подрачје на Ново Лисиче, соопштија од МВР.

Како што информираат оттаму, во присуство на родител, во полициска станица бил извршен службен разговор со малолетникот. а мотоциклот бил вратен на сопственикот и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.