Македонија
30. July 2024 - 12:52

Приведен крадец во Битола

Полициски службениц од СВР Битола вчера ул.„Таку Димитровски” во Битола, по претходно добиени оперативни сознанија го лишиле од слобода А.М.(28) од истиот град, соопшти МВР.

Тој, како што се вели во соопштението, се сомничи дека во периодот од 26 до 29 јули извршил „тешка кражба“ во објект на правно лице во Битола, при што одзел повеќе предмети.

Притоа, додава МВР, во неговиот дом биле пронајдени и одземени повеќе предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривичното дело.

По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветна пријава, се вели во соопштението.