Македонија
30. July 2024 - 10:16

Приведен крадец баран со потерница

Во Скопје денеска околу 07.15 часот на ул.„Отокар Кершовани“, полициски службеници од Оперативен тим потраги го лишиле од слобода А.Б.(30) од Скопје, соопштија од МВР.

Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и 10 месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“ пo член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде предадено на надлежната казнено – поправна установа.