-->
-->
Приведен кавадарчанец по пријава дека со пиштол удирал сограѓанин
-->

Кавадарчанец денеска бил приведен, по пријава дека со пиштол удирал сограѓанин, информираат од Секторот за внатрешни работи – Велес.
„Во два часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Б., на возраст од 44 години, постапувајќи по претходна пријава дека на улицата „Ѓорѓи Соколов“ во градот, по кратка расправија, физички го нападнал 32-годишниот Б.Ч. и го удирал со пиштол по главата, појаснуваат од СВР – Велес.
С.Б. бил приведен во полициска станица, а пиштолот бил одземен. Известен бил јавен обвинител. Како што додаваат од СВР – Велес, по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Силекс и Брегалница ремизираа
-

Зеленски: Русија за една недела лансираше 2.100 дронови
-

Трамп тврди дека „негативните сили“ претеруваат во загриженоста околу вештачката интелигенција
-

Полска вознемирена откако Русија нападна воз од Киев за Варшава
-

Избрана нова влада на Косово, во ист состав како претходната
-

ДИК: Поднесени шест кандидатски листи за градоначалник на Општина Брвеница
-

Драматичен обид за бегство на криумчари кај Блаце, полицаец влечен за рака со возило
-

Старт на „Безбеден град“ во Велес, веќе за ден и пол околу 150 казни
