Приватните автобуски превозници повторно со блокади
– Приватните автобуски превозници на „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ веќе втор ден оваа недела протестираат со блокади на три важни сообраќајни точки во Скопје. Тие очекуваат решение за нивните барања, односно да се подмири или евентуално да се почне подмирувањето на долгот што Град Скопје и Јавното сообраќајно претпријатие го има кон нив.
Во однос на вчерашната изјава на телевизиско гостување на министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, дека Владата има инструменти за отстранување на блокадите од страна на приватните превозници во Скопје, директорот на Слобода превоз, Ленин Јовановски, во изјава за МИА рече дека протестите се законски најавени и дека ако мислат дека нешто е погрешно и можат да направат нешто, тоа нека го направат.
-Ако некој мотивира насилство во демократска држава каде што протестите се уставно загарантирано право, тогаш тоа треба да загрижи многу фактори во и надвор држава, изјави за МИА Јовановски.
Ново на Сител
-
СДСМ возвраќа на национализмот што ДУИ го шири
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ јавно да се извинат за Артан Груби
-
СДСМ предлага мерки за намалување на загаденоста
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Помина интерпелацијата на Илире Даути
-
Тема на денот со Д-Р Дејан Докиќ, специјалист пулмоалерголог од клиниката за пулмологија и алергологија
-
10 жртви во пожарите во Лос Анџелес