Приватните автобуски превозници доставиле барање за средба со Ковачевски
Приватните автобуски превозници доставиле барање до премиерот Димитар Ковачевски за средба со цел наоѓање решение на проблемот со исплатата на долгот што го побаруваат од Град Скопје и ЈСП, поради што веќе пет дена протестираат со блокади во главниот град, информира Ќемал Муриќ од „Слобода превоз“ во изјава за МИА.
– Ви се обраќаме и ве молиме да одвоите време да не примите на разговор по повод настанатата состојба во јавниот градски превоз во Град Скопје, каде што за жал институциите задолжени за решавање на нашата состојба (ЈСП и градоначалничката на Град Скопје) не нé примаат на средба. Затоа, сметаме дека е потребна помош од највисоката инстанца на власт како граѓани на Република Северна Македонија бараме да не примите, се вели во барањето на приватните превозници до премиерот.
По четиридневни целосни блокади на три клучни сообраќајни точки во главниот град претпладне во 10 часот почна преместувањето на автобусите на превозниците од крстосниците кај ТЦ „Мавровка“ и Црвен крст и сега протестот се одвива на бул. „Илинеден“ кај Град Скопје. Блокадата на две третини од превозниците е поместена пред Град Скопје при што се блокирани лентите на булевар „Илинден на потегот од Фонтана, до крстосницата до ГОБ „8 Септември“.
Приватните автобуски превозници од „Слобода превоз“ и „Макекспрес“ бараат од Град Скопје да се подмири долгот во износ од над 90 милиони денари, затоа што, како што велат, немаат средства за натамошно функционирање.
Ново на Сител
-
Пет повредени денеска се враќаат од странство, четворица пациенти и натаму се критични
-
Беќаровски: Како да се намалат последиците при труење со јаглерод моноксид
-
Општина Охрид одвојува 1 милион денари помош за семејствата на настраданите во пожарот во Кочани
-
Трагедијата во Кочани ја отвори „пандорината кутија“ за индивидуалната, но и колективната одговорност
-
Заглавени возила кај Галичица
-
Преглед на вестите од светот
-
Првиот пациент се врати во Македонија
-
Наместо да ги чува 24/7, тоа го правел само една смена - 5 осомничени за злоупотреба на јавен тендер во ЈПДП