Притворени четири лица од криминалната организација на Крит за трговија со бебиња и нелегални посвојувања
Мерка притвор им е одреден на четворица од осумтемина уапсени на грчкиот остров Крит за криминалната организација која злоупотребувала жени како донори на јајце клетки или сурогат мајки, за измами на пациенти преку лажни ин витро и за посредување при нелегални посвојувања на бебиња, јави дописничката на МИА од Атина.
Криминалната организација беше разбиена минатата седмица, а уапсените вчера беа изведени пред истражен судија на Крит.
Според грчката новинска агенција АНА-МПА, меѓу притворените е и лекарот, сопственик на приватната клинка за асистирана репродукција.
Како што објави МИА минатата седмица, од грчката полиција соопштија дека од декември 2022 година, биле евидентирани најмалку 182 случаи на експлоатација на жени со отстранување на јајце клетки и сурогат мајчинство, а биле откриени над 400 случаи на измами преку лажни ин витро.
Криминалната организација дејствувала преку регрутирање жени од Крит , Солун, но и од странство, кои имале улога на посреднички и биле задолжени за пронаоѓање жени, странски државјанки кои се во ранливи положби за да ги користат како донори на јајце клетки или сурогат мајки за „клиентите“ на организацијата од целиот свет, односно парови кои не можат да имаат деца или истополови парови кои законски не ги исполнуваат условите за посвојување.
Ново на Сител
-
Во Основниот суд во Куманово продолжи рочиштето против кумановскиот градоначалник Димитриевски
-
Последиците од договорите со Грција и Бугарија се евидентни и сѐ уште не им се гледа крајот, смета претседателот на МАНУ
-
Ослободен од притвор синот на норвешката принцеза
-
Герасимовски: Нема да бидам дел од раководство на СДСМ, останувам посветен во општината
-
Кос: Очекувам Северна Македонија да го промени Уставот и после тоа навистина да го забрзаме процесот
-
Педесет и пет години постоење на Одделот за воздухопловни единици при МВР: Службата врши и хуманитарни мисии
-
Татко и син со мотор се судриле со „пасат“ на Ленинова
-
Верстапен: Немам цел да ги бркам Шумахер и Хамилтон, но ако се пружи шанса ќе атакувам на нивните седум титули