Притворен маж од Арачиново, расчистено кривично дело „убиство“
Вчера Секторот за внатрешни работи Скопје со кривична пријава до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје го предаде Б.Р.(28) од с.Арачиново, поради основи на сомнение дека сторил кривично дело „убиство“, предвидено и казниво по чл.123 од КЗ на РСМ, кое го извршил на 18.08.2019 околу 17.20 часот, на ул.„21“ бр.152 во с.Мојанци, кога поради меѓуфамилијарно нетрпение, со употреба на огнено оружје му нанел тешка телесна повреда на З.А.(30) од с.Арачиново, кој на 09.09.2019 во ЈЗУ УК „Св.Наум Охридски“ – Скопје, починал како последица на нанесената повреда.
На 18.08.2019 околу 16:00 часот во с.Мојанци, А. А., брат на починатиот З.А., по кратка вербална расправија околу напасувањето на добитокот, физички го нападнал А.З., татко на пријавениот и му нанел тешка телесна повреда. Подоцна, околу 17.20 часот, на ул.„21“ бр.152 с.Мојанци, Б.Р. кон З.А. испукал неколку куршуми од огнено оружје.
По преземени мерки, Б.Р. е приведен и предаден на ОЈО Скопје, а судија на претходна постапка му одреди мерка притвор.
Ново на Сител
-
Црн чад секојдневно се шири од палење на отпад во кругот на „Ранка Милановиќ“
-
Секоја втора сметка за вода во Гевгелија не е наплатена
-
Пуштена во употреба експресната делница Градско – Дреново
-
Протест на вработените во дел од државните институции, бараат повисоки плати
-
Приватните специјализанти се уште чекаат на ветените вработувања
-
Коцевски: Приоритетите за предмети за корупција не се под влијание на власта или опозицијата
-
Судијка од Велес фалсификувала пресуда
-
Се слави Стара Нова година