Притвор за осомничениот од синоќешниот обид за грабеж во Велес
Мерка притвор од 30 дена му е одредена на осомничениот во вчерашниот обид за грабеж во менувачница во Велес.
Според информациите на портпаролот на СВР Велес Анита Стојковска тој е спроведен во истражен затвор во Скопје.
Осомниченото лице е во бегство од затворот во Штип, каде извршувал 15 годишна затворска казна за сторени вакви и слични кривични дела.
Синоќа околу 19,15 часот со употреба на огнено оружје автоматска пушка калибар 7,62 милиметри со маска на лицето осомничениот влегол во менувачницата на улицата „Благој Ѓорев“ б.б. лоцирана во Трговскиот центар во Велес и на вработениот му вперил пушка и му се заканил да му ги даде парите. Вработениот му се спротивставил и почнале да се борат при што сторителот испукал два куршума во ѕидот.Борбата продолжила и надвор од менувачницата при што сторителот испукал уште два куршума кои завршиле во гума на паркиран патнички автомобил од спротивната страна на улицата, додека другиот куршум завршил во ѕид кој се наоѓа пред менувачницата.ад/скс/19:21
Ново на Сител
-
Во Хрватска бојкот на продавници, ако цените продолжат да растат, ССМ најавува штрајк
-
Тема на денот со Татјана Алексиќ
-
Меѓународен ден на образованието
-
Разбиена терористичка ќелија – планирала напади врз цивили во Македонија
-
Кои се апликациите за заштита на децата на социјалните мрежи?
-
Сведоштво на родител кој го загубил синот поради Тик Ток видео
-
Мицкоски: Во Вашингтон имав историски средби за македонските интереси
-
Стоилковиќ открил нова злоупотреба, скап џип „заборавен“ во автосервис