Приштина го поздрави Законот за употреба на јазиците
Усвојувањето на Законот за употреба на јазиците од страна на Собранието на Македонија го поздрави и официјална Приштина.
Според шефот на косовската држава Хашим Тачи, тоа е „високо демократско постигнување за соседната земја, која меѓу првите ја призна независноста на Косово“.
- Унапредувањето на политичките права на Албанците во Македонија гарантира многу поголемо граѓанско и етничко единство во соседната Република. Им честитаме на албанските граѓани за ова политичко, административно и културно постигнување, напиша Тачи на својот Фејсбук профил.
Усвојувањето на Законот, додава, е значаен чекор од Охридскиот договор кој уште повеќе ги зајакнува соживотот и европската перспектива на Македонија.
И претседателот на косовскиот парламент Кадри Весели на Фејсбук му честиташе на македонскиот Парламент и на, како што напиша, „сите наши сонародници за изгласањето на законот за албански јазик“.
Тој оценува дека ова е многу значаен чекор во исполнувањето на легитимните права на албанскиот народ во Македонија и оти ќе прдонесе во зајакнувањето на демократјата, еднаквоста и етничката хамонија во Македонија.
- Изгласувањето на овој закон претставува големо постигнување во целосната реализација на обрските од Охрдскот договор и од стадрадите барани во рамки на европската интеграција, напиша Весели на Фејсбук.
Усвојувањето на Законот е ударна вест во сите косовски медиуми.
Ново на Сител
-
Луј Витон во Шведска казнет со повеќе од 400.000 евра за перење пари
-
Цените на угостителските услуги во јануари на годишно ниво повисоки за 5,8 отсто
-
Каматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки остануваат непроменети
-
Стабилно време со студени утра во наредните денови
-
При претрес кај 20-гoдишник пронајден калашников
-
Автомобил удрил во 66-годишна жена, завршила со тешки телесни повреди
-
ЈО: Претреси на повеќе локации - сомнежи за мито и проневери во службата
-
Акција: МВР врши претрес во зградата на МВР