Припадниците на АРМ ги почнаа своите активности на „Saber Guardian 17”
Припадниците на Армијата на Република Македонија, со денешната церемонија на отварање на меѓународната воена вежба „Saber Guardian 17”, официјално отпочнаа со извршување на задачи нa воените полигони во Романија и Унгарија.
АРМ, како што информриаат, своите способности и интероперабилноста со партнерските вооружени сили ќе ги демонстрираат со седумдесет и еден свој припадник од составите на баталјонот на воена полиција, инженерискиот баталјон, баталјонот за специјални намени и припадници од балканските медицински сили.
Припадниците на АРМ ќе изведуваат воени задачи заедно со составите на 709-тиот воено полициски баталјон, 2-от Инженериски сквадрон и 30-та медицинска бригада на Вооружените Сили на САД, како и со борбената група за специјални операции под команда на Унгарија.
Дел од активностите на водот на воена полиција на АРМ е воспоставување на базниот камп во близина на Валчеа, Романија и првичните задачи во патроли и контролни точки согласно зададеното сценарио.
Вежбата „Saber Guardian 2017“ е досега најголема мултинационална воена вежба во Црноморскиот регион, организирана и предводена од Армијата на САД во Европа која се изведува на териториите на Унгарија, Романија и Бугарија и на која учествуваат повеќе од 25.000 припадници на вооружените сили од 22 земји членки на НАТО и партнерските земји.
Ново на Сител
-
Рокас бара уставни измени, власта и опозицијата подготвени за реформи
-
Македонија е подготвена за преговори со ЕУ – порака од меѓународната Паневропска унија
-
Со фалц документи тргувале со нафта на големо
-
Обвинение за членови на група за проституција и дрога, вмешан и полицаец
-
Матичните лекари бележат зголемен број на болни од грип и други респираторни инфекции
-
Уметност без пари
-
Две тукушто родени близначиња починаа во Прилеп
-
Николоски: Нова евтина авиолинија