Припадници на АРМ на парада во Софија по повод Денот на бугарските вооружени сили
Припадници на Армијата на Република Македонија во состав од еден ешалон од четвртиот механизиран пешадиски баталјон, од првата механизирана пешадиска бригада во недела на 6 мај ќе учествуваат на парадата што ќе се одржи во Софија по повод Денот на бугарските вооружени сили.
Составот на АРМ кој замина во Република Бугарија, како што соопштија од Генералштабот на АРМ, од денеска заедно со своите бугарски колеги ќе ги извежбува постапките за настапот на воената парада.
Учеството на единица од АРМ на парадата е на покана на претседателот на Република Бугарија, Румен Радев, упатена за време на неговата официјална посета на Република Македонија во февруари годинава.
На воената свеченост на изведување на парадата на 6 мај во Софија, ќе присуствува и висока воена делегација на АРМ предводена од началникот на ГШ на АРМ, генерал-потполковник Методија Величковски.
Ново на Сител
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
-

Мицкоски: Атмосферата со Бугарија ќе се вжештува - Филипче: Бугарите не ни се непријатели
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
