-->
-->
Примера: Меси двоен стрелец на „Ел Класико“
-->

Со голот на Лионел Меси во судиското надополнување на вториот дел Барселона го победи Реал Мадрид на негов терен со 3:2 и изби на првото место на табелата со ист број бодови, но Реал има и натпревар помалку.
Дербито на 33.коло со гол го „отвори“ Каземиро во 28.минута, а пет минути подоцна Меси изедначи на 1:1. Водство за Барселона од 2:1 донесе Иван Ракитиќ во 73.минута. Четири минути подоцна Серхио Рамос поради старт над Меси доби црвен картон, а Реал изедначи со голот на резервистот Хамес Родригез во 85.минута. Меси својот втор гол го постигна во 90+2.минута.
Резултати на другите дуели од 33.коло:
Реал Сосиедад – Депортиво 1:0,
Селта – Бетис 0:1,
Лас Палмас – Алавес 1:1,
Еспањол – Атлетико Мадрид 0:1,
Осасуна – Хихон 2:2,
Виљареал – Леганес 2:1,
Малага – Валенсија 2:0 и
Севиља – Гранада 2:0.
Вечерва играат Еибар – Атлетик Билбао.
Табела: Барселона 75 бодови, Реал Мадрид 75, Атлетико Мадрид 68, Севиља 65, Виљареал 57, Реал Сосиедад 55, Атлетик Билбао 53, Еибар 50,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Дизелот во САД достигна нова рекордна цена
-

Орбан повика на отпор против „реколонизацијата“ на Унгарија
-

Калас: Русија сакаше да ја исплаши Европа со нападот на возот во близина на полската граница
-

Direct Media Одбележува 25 години работење
-

Рамадан Шерифи му го посвети голот на трагично загинатиот соиграч Даниел Николовски
-

Патничка се соблекла за време на лет, полицијата ја привела по слетување во Мајами
-

Жена во Холандија уапсена поради нарачување убиство преку дарк веб
-

Зеленски: Руските млазни дронови ги соборуваме со борбени авиони „Ф-16“
