Прилепчанецот Марко Ристески го фати светиот крст за Богојавление-Водици
Четиринаесетгодишниот Марко Ристески, ученик во Основното училиште „Блаже Конески“ е најсреќниот меѓу верниците, кој го фати светиот крст од осветените води на базенот во дворот на прилепската црква „Свето Благовештение“. Учествуваа 19 момчиња и една девојка од 10 до 16-годишна возраст.
Марко Ристески вторпат учествуваше и вторпат, едноподруго, го фаќа светиот крст.
– Вторпат учествувам и вторпат го фаќам светиот крст. Се чувствувам многу возбудено и сакам постојано да учествувам на Водици и ако имам среќа да го фаќам крстот. На сите им посакувам здравје и среќа. Ова е прекрасна традиција, рече Ристески.
Прилепскиот градоначалник смета дека традицијата за Богојавление-Водици го сплотува народот.
– Го пренесуваме духот на традицијата, на она кога Исус Христос бил крстен во светите води на Јордан. Се надевам дека ова го зближува народот и ќе ни донесе повеќе радост во оваа година, порача прилепскиот градоначалник Борче Ристески.
Среќниот Марко Ристески доби подароци од црквата, од локалната самоуправа и од спонзорот „Зегин“ кој му додели ваучер во вредност од 12.000 денари. Исто така доби и телевизор.
Ново на Сител
-
Обвинетите за убиството на Вања еден час ја чекале да излезе од зградата за да ја грабнат
-
Владата сака независно тело да пресметува официјална потрошувачка кошница
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес