Прилеп одбележа 116 години од раѓањето на Ченто
По повод 116-годишнината од раѓањето на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов - Ченто, претставници на локалната самоуправа, на Сојузот на борците, политички партии и здруженија на граѓани, положија цвеќе и се поклонија пред споменикот на Ченто во центарот на Прилеп, оддавајќи му почит на заслужниот македонски деец.
Според Елена Ташкоска, советник во општинскиот совет, Ченто е една од најмаркантните личности во македонската историја.
- Одбележувајќи ја 116-годишнината од раѓањето на првиот Претседател, Методија Андонов Ченто, оддаваме достојна почит кон неговиот лик и дело, рече Ташкоска.
Историчарот Рубин Белчески последниве години работи на проектот „Ченто-биографија низ фотографија“, а минатата година ја промовираше изложбата на истата тема со која се претстави во речиси сите градови во земјава.
- Го најавувам новиот проект на кој работам во моментот, а тоа е „Фотомонографија“, во која ќе бидат собрани сите фотографии за Ченто, како и хронологијата на настаните поврзани со неговиот лик и дело. Оваа значајна личност од историјата на македонскиот народ, целиот свој живот го помина во борба за самостојна и суверена Македонија. „Фотомонографијата“ е во програмата на Министерството за култура и ќе претставува заокружување на истражувањето за една од најзначајните личности во историјата на македонскиот народ, рече Белчески.
Методија Андонов – Ченто е роден 17 август 1902 година во Прилеп, а
починал 1957 година. Неговата биографија бележи значајна политичка активност уште пред почетокот на Втората светска војна. За време на војната, во 1942 година е интерниран во логорот „Чучулигово“, во близина на Петрич, а по ослободувањето од интернација бил повикан од Главниот штаб на НОБ и ПОМ да се приклучи во Народно-ослободителната војна. По основањето на иницијативниот одбор за свикување на АСНОМ, на Првото Собрание на 2 август 1944 година, тој е избран за негов претседател.
Ново на Сител
-
Ден на народното востание
-
Врачување на државната награда „11 Октомври“
-
За време на продолжениот викенд автобусите од јавниот градски превоз во Скопје ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Во израелските воздушни напади врз Бејрут загинаа најмалку 22 лица
-
Хутите нападнаа бродови во Црвено Море и во Индиски Океан
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
Сообраќајот се одвива непречено, по суви коловози, без подолги задржувања на граничните премини
-
Роналдињо стана косопственик на американски клуб