Македонија
4. March 2024 - 17:28

Пријавено лице кое со телефон сликало додека се потпишувало за кандидат за претседател

На 03.03.2024 во 20.50 часот во СВР Куманово, двајца вработени во Државната изборна комисија пријавиле дека околу 13.00 часот во просториите на Подрачното одделение Куманово на Државна изборна комисија едно лице, кое се потпишало на обрасците за собирање на потписи за предлагање на кандидат за Претседател на РСМ, со мобилен телефон сликало додека се потпишувало.

За настанот бил известен јавен обвинител и по документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, соопшти МВР.