-->
-->
Прием на Европскиот шаховски вицешампион во Aгенцијата за млади и спорт
-->
Изминатите 10-тина дена нашата земја беше одличен организатор на Европскиот клупски шаховскиот куп.
Шахистките на Гамбит Асеко во силна конкуренција го освоија сребрениот медал.
Тоа беше и причина за денешната средба во Агенцијата за млади и спорт.
Носителката на златен медал на првата табла, Антоанета Стефанова придружувана од првите луѓе на шахот во Македонија беа гости во Агенцијата за млади и спорт. Поводот е освоеното сребро на женскиот тим Гамбит Асеко на Европскиот клупски куп во шах кој се одржа во Скопје.
- Добрата организација на Европското клупско првенство во шах уште еднаш покажа дека во Република Македонија се негува шахот и спортот воопшто и дека Македонија е шаховска Мека, но исто така е показател дека шаховските работници уживаат огромно реноме во светските шаховски кругови. Во минатото имавме одлични шахисти, 4 од нив се носители на највисокото спортско признание, односно спортска пензија . Исто така имаме одлична шаховска сегашност, и се надеваме на таква иднина во македонскиот шах. Искрено се надевам дека 500-те учесници на Европското клупско во Скопје се чувствуваа добредојдени и дека од нашата држава ќе однесат само позитивни импресии, истакна директорот на АМС Марјан Спасески.
- Иако не има од повеќе држави, нашиот дом е Македонија и шаховскиот тим Гамбит Асеко. Презадоволна сум од освоеното злато на првата табла и среброто за клубот за кој настапувам. Едно реми и четири победи, меѓу кои беше и Костењук е мој голем успех, изјави за новинарите Бугарката Антоанета Стефанова, поранешна светска првенка во шах.
Организацијата на Европското клупско првенство претставува круна на досегашната работа на шаховските работници во Македонија и наша желба е организација на следната шаховска олимпијада. Освоеното сребро на женскиот состав на Гамбит Асеко е одличен успех, но не е за потценување ни шестото место на машкиот тим, изјави Зоран Стојчевски, претседател на шаховскиот клуб-коорганизатор на Европскиот шаховски куп
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Над 240 дојави за бомби во училиштата - сите се лажни
-
Сведокот Трајковски: „Ситроенот“ на снимките ми падна во очи, многу чадеше и бавно возеше
-
Васил Јованов доби 3 години и 10 месеци затвор – неговите родители изразија сочуство
-
Власта ги поднесе интерпелациите за 5 члена на Судскиот совет
-
Тестови за дрога на лице место заострување на казнената политика: Јавна расправа во Собранието по усмртувањето на Фросина
-
СДСМ бара оставка од Попов: Возел пијан, без возачка и предизвикал сообраќајка во која повредил жена
-
Нов бојкот на маркетите поради високите цени
-
Растат бројките на заболени од грип - се зголемува бројот на хоспитализации