При претрес на Табановце македонски државјанин фрлил две кесички, еве што се цариниците пронајдоа кај него
Царинските службеници од граничниот премин Табановце автопат спречија обид за криумчарење марихуана и амфетамин. На 13 овој месец, околу 23 часот, за излез од државата се пријавил македонски автобус што сообраќал на редовна линија Струга – Салцбург, управуван од македонски државјанин.
Царинските службеници селектирале за детална царинска контрола македонски државјанин кој патувал со автобусот, и додека го спроведувале до просторијата за преглед, забележале дека фрлил две кесички со непозната растителна материја. При извршениот личен претрес, во долната облека на патникот била пронајдена уште една кесичка со непозната растителна материја, а во џеб од неговата јакна била пронајдена фолија од цигари со непозната бела прешкаста материја.
Покрај тоа на подот, покрај неговите нозе била пронајдена уште една кесичка со непозната бела прашкаста материја. По извршеното вештачење на пронајдените материи од страна на Министерството за внатрешни работи, било утврдено дека растителната материја претставува марихуана со вкупна маса од околу 51 грам, а прашкастите материи претставуваат диазепам со маса од 14 грама и амфетамин со маса од 0,25 грама.
Царинската управа против патникот поднесе кривична пријава заради сомневање дека сторил кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава