Бизнис
8. July 2019 - 11:20

ПРГ го презеде Метализис, светскиот водечки иноватор во областа на металургија во прав

ПРГ Плц го најави комплетирањето на успешната аквизиција на Метализис Лтд (Metalysis Ltd).

Преземањето на Метализис е следниот чекор во вредносниот синџир за трансформација на ретките елементи кои ПРГ ги произведува во метален прав со голема чистота и легури за своите клиенти во индустријата за производство на

адитиви, електронската индустрија, авионската и специјализираната хемиска индустрија.

Целокупните активности на ПРГ се изведуваат од Скопје, Македонија, водени од страна на канадскиот Извршен претседател Џејмс Рајмер, и британскиот Главен извршен директор, Реј Пауер.

ПРГ набавува материјали единствено од верификувани извори, кои ги исполнуваат сите стандарди и насоки од OECD.

Во врска со аквизицијата, Реј Пауер изјави: „Со вклучувањето на светскиот водечки иноватор во областа на металургија во прав Метализис, ПРГ сега може да понуди целосно акредитиран синџир на набавки на ретки производи и легури, од рудник до метал, во време кога металите во технологијата се од стратешка важност за новата производствена економија”.

ПРГ е присутна и во Велика Британија каде е дополнета со подружница на групацијата, Гравити Мајнинг Лтд, која се наоѓа во Корнвол, а која има патенти за иновации во опрема за подобра екстракција и повраток на фино гранулирани

метали, дизајнирана специфично за процесирање на метални минерали во технологија.