Презентирана физибилити студијата за изградба на булеварот „Никола Карев“ од булеварот „Словенија“ до обиколницата
Во просториите на Град Скопје денеска беа презентирани физибилити студијата и идејниот проект за изградба на булеварот „Никола Карев“, на потегот од крстосницата со булеварот „Словенија“ до обиколницата.
На презентацијата присуствуваше и градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, како и претставници на засегнатите стопански субјекти од индустриската зона во Визбегово, што се наоѓаат по должината на трасата, коишто се вклучија во дискусијата.
Од Град Скопје информираа дека булеварот „Никола Карев“ во овој дел е предвиден како транзитна магистрала. Во идејниот проект се нудат три варијанти за негова изведба. Во варијантата што е оценета како најповолна за изведба поради најмалите инвестициски трошоци, времето на реализација и поради тоа што не се урива железничкиот натпатник, се предвидува булеварот „Никола Карев“ да има четири сообраќајни ленти (по две ленти во насока), средишно зеленило, пешачки и велосипедски патеки и осветлување на должина од речиси четири километри, како и кружен тек пред приклучувањето кон обиколницата. При реализација на овој проект, по должината на предвидената траса ќе има потреба и од експропријација на земјиштето, наведуваат од Град Скопје.
Физибилити студијата и идејниот проект, како што се посочува, се изготвувале врз основа на важечката планска документација – ГУП 2012 – 2022 година и важечките ДУП-ови од неколку околни општини. Тие имаат за цел да ги согледаат сообраќајните и техничките можности за изведба на ова инфраструктурно решение, како и потребите на граѓаните. Нарачател на физибилити студијата и идејниот проект за изградба на булеварот „Никола Карев“, на потегот од крстосницата со булеварот „Словенија“ до обиколницата е Град Скопје, а ги изработи компанијата ГЕИНГ Кребс унд Кифер, соопштија од Град Скопје.
Ново на Сител
-
Министерството за спорт младите кикбоксери ги награди со 12 стипендии
-
Трамп го избра пријателот на Маск, Џаред Ајзакмен, за шеф на НАСА
-
Скопјанец осомничен за нанесување телесна повреда при семејно насилство
-
Јаневска: Резултатите од ТИМСС-тестирањето се лоши и се доказ дека се потребни промени во образованието
-
48-годишен скопјанец загина на патот Велес - Скопје
-
Грузискиот опозициски лидер Ника Гварамија, претепан и онесвестен, приведен од полицијата
-
Кривична за 18-годишник кој со нож убодел во стомак друго лице пред кафеана во Струмица
-
Две кумановки ги нападнале сопрузите, едната од нив го нападнала и синот