Презентација на двете потпрограми на „Креативна Европа“, „Култура“ и „МЕДИА“
Презентација на двете потпрограми на „Креативна Европа“, „Култура“ и „МЕДИА“ организираат утре Министерството за култура и Агенцијата за филм, во Центарот за дизајн и иновации Јавна соба - Скопје.
Гости на настанот, соопшти Министерството за култура, ќе бидат претставниците на Канцеларијата на Креативна Европа – Култура од Кралството Холандија, Клартје Булт и Максим Зеф, д-р Елица Стоилова од Пловдивскиот Универзитет и Камен Балкански од Канцеларијата на Креативна Европа – МЕДИА од Бугарија.
Во рамки на работната сесија посветена на потпрограмата „Култура“ ќе бидат претставени: холандското искуство со потпрограмата „Култура“, категоријата „Платформи“ и успешни проекти (категории: „Платформи“ и „Проекти за соработка“).
Канцеларијата за Креативна Европа – потпрограма МЕДИА на Република Македонија во соработка со Канцеларијата на Креативна Европа – МЕДИА од Бугарија ќе одржи дебата на тема „Креативна Европа МЕДИА – Можности и предизвици“.
Ново на Сител
-
Нејмар: Светското првенство во 2026 година ќе биде мое последно
-
Наскоро ќе потпишам нов договор со Барселона, потврди Јамал
-
Баерн прави последен обид да го задржи Алфонсо Дејвис
-
Поскапуваат Дизелот и Бензинот
-
Двајца загинати, повеќемина повредени во пожарите во Лос Анџелес, прогласена вонредна состојба
-
34-годишна жена нападната и ограбена кај Бит Пазар
-
Маск му одговори на Трудо со „девојко“
-
Почина кучето Феликс кое беше претепано крвнички во Момин Поток