-->
-->
Презентација на детски права и прокетот „Ние сме визуелни“ во Крива Паланка
-->

Со проекција на краток документарен филм насловен „Дрона и јас“ и работилница на тема „Јас 10 години подоцна“ во ООУ Илинден беше одбележан претстојниот Меѓународен ден на детето, 20 ноември.
На часот по граѓанско образование учениците од шесто одделение се запознаа со дел од нивните права, работеа размислувајќи за својата визија за иднината.
- Се обидовме да им го доближиме празникот на нашите ученици и да им го освежиме сеќавањето за овој ден. Проекцијата е дел од образовниoт сет „Ние сме визуелни“ на Македокс - здружение за промоција на документаристика и аудиовизуелизација на човековите права кој во нашето училиште се имплементира од почетокот на месецот. Во рамки на овој сет преку вистинити приказни и стории од секојдневниoт живот се презентираат човековите права, информира Никола Ѓоргиевски, наставник по граѓанско образование во ООУ „Илинден“.
Со активностите на тема детски права се упатува порака до сите деца, но и до возрасните за насушно почитување на истите кое е важно за градење здрави идни поколенија.
- Сакаме да упатиме две пораки, дека и децата имаат свои права и ако во семјствотo се одлучува треба и децата да бидат вклучени во тоа, а втората е дека ако сакаме да градиме толерантни, образовани и едуцирани поколениај со здрави навики, мора да ги познаваат своите детски права, а на тој начин ќе успеат во општеството и средината во која живеат, додаде Ѓоргиевски.
Генералното собрание на Обединетите нации во 1954 година го означи 20 ноември како Универзален ден на детето, кој има за цел да обезбеди благосостојба на децата низ светот и да ги потсети возрасните дека децата како рамноправни членови на секое општество имаат свои права и истите треба да се почитуваат.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Многу скоро ќе се излезе со информација за тоа што се случило во Гостивар и ќе има одговорност
-

Приведен возач во тетовско, возел без возачка дозвола и предизвикал сообраќајна несреќа
-

Николоски: Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика, ќе биде готов до крајот на летото
-

И Здравје и работа: Време е Македонија да избере развој заснован на знаење и да се реализира проектот за рудникот „Иловица – Штука“
-

Клековски во Гостивар: Се бара причината за зголемениот број на пациенти во Гостивар
-

САД и Ирак потпишаа 48 договори, главно во енергетскиот сектор
-

Илјадници луѓе без вода за пиење во Иран по американските напади
-

Инфантино: Светско првенство 2026 е најдобро во историјата
