Преведувачи ќе помагаат за идентификација на мигранти
Преведувачи помагаат во идентификација на мигрантите при нивното доаѓање и транзитирање низ Западен Балкан. Најавено е воспоставување регионална база на податоци за преведувачи кои ги зборуваат ретките јазици кои ги користат мигрантите.
Активностите се дел од проектот „Унапредување на процедурите за утврдување на идентитетот на мигрантите“ што го споведува Регионалната иницијатива за миграција, азил и бегалци (МАРРИ) со поддршка на Британската амбасада.
- Со оглед на тоа дека нелегалната миграција бара регионален пристап многу ми е мило што можеме преку МАРРИ да дадеме поддршка на овој проект кој ќе овозможи создавање заедничка дата база за земјите од регионот за преведувачи и толкувачи кои ги зборуваат ретките јазици кои често ги користат мигрантите кои доаѓаат. Ова ќе помогне и во зајакнување на капацитетите на националните институции при соочување со овој проблем, изјави британскиот амбасадор во Скопје Чарлс Гарет на денешната работилница за проектот.
Илегалната миграција, оцени, моментно претставува едно од најклучните прашања и приоритети со кои што се соочува целиот континент Европа. Ова е меѓународен проблем кој има многу предизвици кои не заобиколуваат ниту една земја во Европа вклучително и Западен Балкан и Македонија, рече амбасадорот Гарет.
Според него, соочувањето со миграцијата низ целиот регион на начин кој ќе може да биде ефикасен, ефективен и со задржување на хуманитарните насоки бара, пред се, соодветна комуникација со луѓето кои патуваат од најразлични краеви. Во таа насока, појасни британскиот амбасадор, и овој проект овозможува создавање дата база која генерално ќе ја подобри комуникацијата и која ќе може да даде поддршка на процесот на идентификација на мигрантите.
- Иако е мал дел од мозаикот, сепак, мислам дека ќе придонесе кон големата слика на подобрување. Никој од нас поединечно не може да се справи со ова прашање, но колективно можеме да направиме многу, рече Гарет.
Одговарајќи на новинарско прашање дали проектот е доволен за надминување на проблемот амбасадорот истакна дека тоа е мал дел од целото прашање, но оти, сепак, ќе помогне во неопходниот регионален пристап.
Проектот „Унапредување на процедурите за утврдување на идентитетот на мигрантите“ ќе се спроведува до средината на идната година. Со него, според Тамара Мугоша, директорка на МАРРИ, ќе им се овозможи на националните надлежни тела учесници во МАРРИ да користат толкувачи за ретки јазици и да споделуваат важни информации.
- Идентификацијата на мигрантите е подеднакво важно во сите извештаи за ова прашање. Забрзувањето на процедурите за идентификација на мигрантите ќе ги забрза и постапките за носење одлуки кога се работи за баратели на азил. Оваа база на податоци ќе придонесе и за зајакнување на капацитетите на мрежата за соработка и прием на нелегални мигранти, рече на отворањето на работилницата Мугоша.
Ново на Сител
-
Осомничениот за нападот во Магдебург дејствувал сам, соопшти полицијата
-
Рама: Тик Ток повеќе нема да постои во Република Албанија
-
Пентагон соопшти дека е убиен еден од лидерите на „Исламска држава“
-
Божиќна порака на Скопскиот бискуп и Струмичко-скопски епарх монсињор д-р Киро Стојанов
-
Претреси во Тетово и тетовско, пронајдени над 75.000 парчиња пиротехника | ФОТО
-
Анкета на МКД.мк - убедливо водство на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски
-
Заврши санацијата и реконструкцијата на градскиот водовод во Скопје, во следните три часа се очекува нормализирање на состојбата
-
„ЕУ Обсервер“: Одложувањето на проширувањето на ЕУ ја зголемува економската нееднаквост на Балканот