Претседателството на ДУИ одлучило Талат Џафери да биде технички премиер од 28 јануари
Централното претседателство на Демократската унија за интеграција (ДУИ) на состанок во партиското седиште одлучило актуелниот претседател на Собранието Талат Џафери да биде технички претседател на Владата на Република Северна Македонија од 28 јануари во пресрет на изборите напролет.
Портпаролот на ДУИ, Бујар Османи, на својот фејсбук-профил ги објави и другите одлуки од состанокот на партиското Претседателство во Мала Речица во врска со учеството на ДУИ на претседателските и парламентарните избори во 2024 година.
- Фатмир Бесими е избран за шеф на Централниот изборен штаб за изборите 2024. Се овластува претседателот на партијата да продолжи со разговорите со политичките партии и да одлучува за евентуални коалиции за претседателските и парламентарните избори, објави Османи на Фејсбук.
Ново на Сител
-
ОЈО ГОКК го обжали решението за куќен притвор за Јахоски
-
Камењецки: Зошто Путин за време на војната за прв пат облече војничка униформа
-
Германски Рајнметал пренатрупан со порачки за оружје
-
Експерти на ОН го обвинуваат Израел за геноцидни постапки и сексуално насилство во Газа
-
Приведен гостиварец за издржување тригодишна затворска казна
-
ФСБ спречила пакети со рачно изработени бомби да стигнат до војници и државни службеници
-
При претрес во Tетовско пронајдена дрога, приведен 19-годишник
-
Египет ја поздрави одлуката на Трамп да не бара од Палестинците да ја напуштат Газа