Македонија
22. February 2022 - 16:26

Росоманец со „пежо“ удрил во полицајци, а откога го запреле прободел еден од нив

На 21.02.2022 во 11.20 часот во с.Доленци, демирхисарско, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода И.Ѓ.(41) од Росоман. Околу 08.00 часот на патот Битола-Ресен, со возилото „пежо“, кое го управувал, не застанал на знак за запирање од полициски службеници и притоа со возилото удрил двајца од нив, соопштија од МВР.

Набргу откога бил запрен, со остар предмет повредил полициски службеник кој извршувал службени дејствија. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.