Претседателски избори 2024
Тече Петтиот ден од кампањата за претседателските избори,
Кандидатите и денеска со набиени агенди, преку митинзи, дебати, како и средби со граѓани, ги презентираат нивните програми.
Кандидатот поддржан од СДСМ и Коалицијата и актуелен претседател, Стево Пендаровски, кој ќе ја бара поддршката од граѓаните за втор мандат, ќе одржи митинг во скопските општини Кисела Вода и Аеродром.
Кандидатот за претседател од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска-Давкова, денеска ќе ја презентира нејзината програмата во Новаци, Демир Хисар и Битола.
Кандидатот за претседател на државата од Европскиот фронт, Бујар Османи, во општина Шуто Оризари ќе одржи панел дискусија на тема: Еднаквост и социјална кохезија, како и прес-конференција по завршувањето на панелот.
Во Централната канцеларија на албанската Коалиција „Вреди“, кандидатот за претседател Арбен Таравари ќе одржи прес-конференција.
Кандидатот за претседател на Движењето ЗНАМ - За наша Македонија, Максим Димитриевски, ќе ја презентира програмата „Манифест за Македонија“, во Охрид, Дебрца, и Лешани, при што ќе одржи средби со граѓани на Охридскиот кеј, низ охридската чаршија и градскиот пазар.
Билјана Ванковска, кандидат за претседател од Левица ја продолжува претседателската кампања со средби со граѓани во Богданци и Гевгелија.
Претседателскиот кандидат Стевче Јакимовски пак Ќе оствари средба со граѓаните во Кичево.