Претседателот Пендаровски во официјална посета на Словенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Република Словенија.
Кабинетот на претседателот Пендаровски соопшти дека тој денеска во Љубљана ќе биде примен со високи државни и воени почести од словенечкиот претседател Борут Пахор. Предвидено е двајцата претседатели да одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува пленарен состанок на двете делегации.
Претседателот Пендаровски утре (вторник) ќе има средби со претседателот на Државното собрание на Република Словенија, Дејан Жидан и со словенечкиот премиер Марјан Шарец.
Во Љубљана, претседателот Пендаровски ќе одржи предавање на Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) на тема „Иднината на Северна Македонија – Како да се забрза интеграцијата во ЕУ“.
Во рамки на посетата, шефот на државата ќе одржи средба со европратеничката Тања Фајон, ќе се сретне со словенечки стопанственици, како и со претставници на македонски културни друштва во Словенија.
Во Љубљана, претседателот Пендаровски ќе ја посети Македонската православна црква „Св. Климент Охридски“.
За време на официјалната посета на Република Словенија, претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска, соопшти кабинетот на претседателот.
Ново на Сител
-

По серијата инциденти кај Бугарија и Романија: НАТО и САД ја засилуваат контролата над Црноморскиот Регион
-

Македонците потрошиле 1,4 милиони евра на OnlyFans за една година
-

ДИК: Радичевски и Јахији во вториот круг за градоначалник на Брвеница што ќе се одржи на 1 ноември
-

Возач на автобус се обидел да прошверцува лекови против рак вредни 336 илјади денари
-

Лукровски на средба со жителите на Злокуќани: Евидентирани проблемите, наскоро конкретни мерки
-

Ја нападнал поранешната партнерка, па и полицаецот што дошол да интервенира - приведен охриѓанец
-

Охриѓанец приведен за производство и дистрибуција на детска порнографија
-

190.000 евра месечно највисоката плата во Македонија – над 2,2 милиони евра годишно
