Претседателот Пендаровски ќе одржи прес-конференција
Претседателот Стево Пендаровски денеска напладне ќе одржи прес-конференција во Скопје.
Кабинетот на претседателот соопшти дека прес-конференцијата ќе се одржи во хотел „Дабл Три Хилтон“, но не сподели информација за темата.
Извршниот одбор на СДСМ завчера на состанок го поддржа Пендаровски за кандидат за Претседател на државата и го предложи на Централниот одбор на партијата.
-Пендаровски е победнички кандидат, близок со народот, ги споделува прогресивните вредности, со јасна визија за европска иднина на државата. Во досегашниот мандат Пендаровски го врати угледот, интегритетот и кредибилитетот на институцијата Претседател на државата и покажа што значи да се биде вистински претседател за сите граѓани. Пендаровски е претставник на сите наши граѓани без разлика на етничка, политичка, верска или каква било припадност. Тоа е профилот на кандидатот кој и е потребен на државата и тоа е профилот на идниот претседател на државата, информираа од СДСМ.
Се очекува Пендаровски да биде промовиран официјално за претседателски кандидат на СДСМ на Конгресот на партијата закажан в недела.
Ново на Сител
-
Може ли Скопје преку Вашингтон да најде пократок пат до Брисел
-
Службен весник ги објави одлуките за замрзнатите цени и маржи
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлог на обвинителката Ленче Ристовска
-
Тема на денот со Максим Димитриевски, лидер на ЗНАМ
-
МОН ги објави конкурсите за стипендии во странство, од оваа година под нови услови
-
Уставен суд поведе иницијатива по предлогот на обвинителката Ленче Ристовска
-
Случајот со обвинителот Коцевски под лупа на САД, Правда го подготвува предлогот за разрешување
-
СДСМ: Процес на партизација наместо реформи