Свет
16. January 2016 - 10:26

Претседателот на Венецуела прогласи вонредна состојба во економијата

Претседателот на Венецуела Николас Мадуро синоќа прогласи вонредна состојба во економијата, искористувајќи ги специјалните овластувања.

Мадуро издаде указ за прогласување на вонредна состојба во економијата на земјата, врз основа на што претседателот има 60 дена да спроведе големи реформи.

Венецуела изминатите неколку месеци има економски пад заедно со падот на цената на нафтата, а истовремено се соочува со голема инфлација.