Претседателот на ССК Арсовска на Самитот Б20/Г20

Претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) Данела Арсовска учествува на годинашниот дводневен Самит Б20/Г20 кој се одржува во Анталија, Турција.
Б20 е собир на светските бизнис лидери чија главна задача е да дадат препораки за унапредување на економската активност која има клучна улога во постигнувањето силен, одржлив и балансиран раст на светско ниво.
Заедно со шефовите на владите на најмоќните земји, светските бизнис лидери Б20, два дена ќе дебатираат на повеќе теми. Во фокусот на бизнисот се растот и инвестициите, како и трговијата, работните места и конкурентноста.
Со оглед на тоа што економскиот раст глобално не е на задоволително ниво, учесниците ќе дебатираат за имплементација на стуктурни реформи за раст, како и за подобрување на квалитетот на јавните и приватните инвестиции особено во инфраструктурата, а ќе бидат вклучени прашања и за енергетика и климатски промени. Учесниците ќе дебатираат и за тоа како да се отстранат бариерите за трговија и да се изгради повеќе ефикасен глобален систем, вклучуваќи ја дигиталната трговија.
На Самитот ќе се разгледаат и препораките на Б20, предложени до лидерите на Г20 во насока на зголемување на конкуренцијата со цел да се намалат можностите за корупција и да се создаде поволна бизнис клима за претприемачите, малите и средни претпријатија.
Домаќин на самитот Г20 ќе биде претседателот на Република Турција Реџеп Таип Ердоган. Најавено е присуство на американскиот претседател Барак Обама и на рускиот Владимир Путин, на британскиот премиер Дејвид Камерон, германската канцеларка Ангела Меркел, претседателот на Франција Франсоа Оланд, на Кина Џи Јинпинг,...
Покрај бизнис аспекот на Б-20 како бизнис крило на Г-20, на Самитот значајни точки се и борбата против тероризмот и мигрантскиот проблем.
Вклучувањето на Б20 групата во работата на Г-20 во текот на годините доби големо значење, како одраз на реалноста дека закрепнувањето од глобалната финансиска криза бара акција од целото општество.
Минатата година самитот се одржа во Брисбен, Австралија, а догодина ќе биде во Кина.
Ново на Сител
-

15-годишник украл паркиран автомобил и крадел од приватни имоти во Куманово
-

Тешко повреден 14-годишник откако со „опел“ се забил во бетонски столб во Прилеп
-

Патот кон Теферич затворен за сообраќај
-

Скопскиот аеродром доби награда „Најпријатно аеродромско искуство во Европа“ за 2025 година
-

Стојаноски: Предложени законски измени со кои платите на функционерите се намалуваат за 10-13 илјади денари, средствата остануваат за граѓаните
-

ВМРО-ДПМНЕ: Груби ќе одговара - правда ќе има
-

Донација за ЈЗУ Општа болница Кочани од 90 комплети ракавици за пасивна рехабилитација
-

ФФМ: Транспарентно ги објавуваме дописите од УЕФА поврзани со сомнежи за нерегуларности
