Македонија
24. February 2026 - 13:02

15-годишник украл паркиран автомобил и крадел од приватни имоти во Куманово

На 23.02.2026 во 11:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода 15 - годишник од Куманово затоа што одзел паркирано патничко моторно возило „форд ескорт“, сопственост на Р.Ј.(25) од Куманово.

Исто така, тој се сомничи дека влегол во два приватни имоти и одзел повеќе предмети.

Малолетникот бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

 

Ново на Сител