Претседателот на Собранието Вељаноски се сретна со новиот албанскиот амбасадор Река
Парламентарната дипломатија е еден од важните елементи на дипломатијата во целост и соработката помеѓу Македонија и Албанија е најдобар пример за тоа, истакнале на денешната средба претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и новиот албански амбасадор во Македонија, Фатос Река.
Река, според соопштението од Кабинетот на Вељаноски, изрази надеж дека неговиот амбасадорски престој во Македонија ќе биде продуктивен и ќе добие поддршка во развојот на многу области, особено во однос на развојот на економската соработка. Од големо значење е ангажманот на амбасадорот особено поради етничко албанската заедница во Македонија.
Првиот парламентарец истакна дека Албанија е соседска пријателска држава со која постои одлична соработка во многу области. Укажа на одличната парламентарна соработка на највисоко ниво.
- Од особено значење е заедничкиот придонес во развојот и подобрувањето на животот на граѓаните за кој постои можност да се постигне и на регионално ниво, потенцираше Вељаноски.
Двајцата соговорници се согласиле дека заедничките средби се позитивен пример за граѓаните и дека преку нив може да се дојде до нови идеи за развој. Беше потенцирана и важноста на албанската етничка заедница во Македонија, како и на македонската заедница во Албанија.
Вељаноски и Река изразиле желби за понатамошна соработка и заеднички проекти на двете земји и потенцирале дека посветувањето на внимание неизбежно води кон успех.
Ново на Сител
-
Реална шанса за постигнување договор за ослободување на заложниците, тврди израелски преговарач
-
Лабуристите победија на изборите во Велика Британија - Кир Стармер ќе биде новиот премиер
-
Сончево и топло, до 34 степени
-
На „Табановце“ и „Богородица“ за влез и излез од земјава се чека по околу 40 минути
-
ЦУК: Конститутивна седница на Управувачкиот комитет за координација
-
Кривична пријава за 16-годишник од Крива Паланка, украл автомобил од сограѓанин
-
Тешко повредени мајка и ќерка од Гостивар откако врз нив паднала порта
-
Ужас во Скопје: Го киднапирале и го натерале да се самозапали