Претседателот на Собранието Џафери на Осмата пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ во Анталија
Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери, во својство на шеф на Делегацијата во Парламентарното собрание на Процесот за соработка во Југоисточна Европа од денеска до 23 јуни ќе учествува на Осмата пленарна сесија на ПС на ПСЈИЕ во Анталија, во организација на турското претседавање со Процесот 2020-2021. Во составот на Делегација се и пратениците Павле Трајанов и Хусни Исмаили.
Како што соопшти собраниската прес-служба, пред одржување на пленарната сесија, седници ќе одржат трите Генерални комитети и тоа економија, инфраструктура и енергија, правда, внатрешни работи и безбедносна соработка и социјален развој, образование, истражување и наука, како и Постојаниот комитет.
Се очекува на пленарната сесија да се усвои Завршна декларација.
Покрај тоа, претседателот ќе оствари неколку билатерални средби со присутните делегации.
Делегацијата на Собранието на 23 јуни во Истанбул ќе оствари средба со Асаф Хаџиев, генералниот секретар на Парламентарното собрание на Организацијата за Црноморска економска соработка (ПАБСЕК). Собранието на Република Македонија на 22 јуни 2021 година за време на Генералното собрание ПАБСЕК во Молдавија, ќе стане член на оваа организација, што е градење на еден нов мост на пријателство со светот, се наведува во соопштението од Собранието.
Ново на Сител
-
Народот на Гренланд сака да биде дел од САД, изјави Трамп
-
Израел го обвинува Хамас за две прекршувања на примирјето
-
Намалена видливост поради магла во Демир Капија, Петровец-Велес, Битола и Прилеп
-
18-годишник од Трубарево приведен за кражба на делови од комбајн
-
Прегазен пешак во Гостивар
-
Пронајден пиштол „Црвена Застава" при претрес на домот на 46-годишник
-
Најмалку 18 лица го загубија животот во експлозија на камион цистерна со гориво во Нигерија
-
Најстудено во Битола и Берово, најмногу снег на Попова Шапка