Претреси во Струмица и Гевгелија, пронајдена дрога, уапсени три лица

На 17.05.2025 во село Банско, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Г.Д.(36) од село Банско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана и предмети со остатоци од марихуана.
По дополнително преземени мерки и извршен службен разговор со Г.Д. било констатирано дека дрогата ја поседувал заедно со Д.К.(20) од село Банско, кој потоа, исто така, бил лишен од слобода. За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица, лицата биле задржани во Полициската станица Струмица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 17.05.2025 во 13.25 часот во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Гевгелија го лишиле од слобода Б.Т.(20) од Гевгелија. При преглед на патничко возило „мини“ со гевгелиски регистарски ознаки, Б.Т. од возилото фрлил кутија со марихуана, која е пронајдена и одземена.
После тоа, врз основа на судска наредба, бил извршен претрес во домот на Б.Т., при што биле пронајдени повеќе семки од растението канабис, предмети со остатоци од марихуана и дигитална вага со остатоци од марихуана.
За настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а по документирање на случајот против Б.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Ново на Сител
-

Обилни дождови предизвикаа поплави во Црна Гора, најпогодени се Никшиќ и Даниловград
-

Зеленски, Виткоф и Кушнер пристигнаа на преговори за Украина во Париз
-

Николоски: 40 километри од автопатот Охрид - Кичево се веќе во функција | ВИДЕО
-

Сиљановска Давкова: Божиќните празници ќе ја зацврстат нашата вера и надеж
-

Полициска потрага во кипарскиот град Лимасол по лицето кое го фатило светиот крст и побегнало
-

ЕК не го признава легитимитетот на Делси Родригез, но ќе се ангажира со венецуелските власти
-

Уапсени двајца членови на групата „Пинк Пантери“ за грабеж на златарница на Халкидики со „плен“ од над 500.000 евра
-

Лазаров ги одбра 19-мината кои ќе патуваат на ЕП 2026
