Претреси на подрачје на СВР Струмица, пронајдена дрога, приведени дилери

На 12.03.2025 во 06.50 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода А.П.(26) од Скопје, со престој во Струмица. При претрес на две локации, кои ги користи во Струмица и во село Ново Село, струмичко, извршени со судски наредби, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, предмети со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, таблета, шприцеви исполнети со црна течност, две дигитални ваги, две дробилки и пари во различни апоени.
Истиот ден во 07.40 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Радовиш го лишиле од слобода К.К.(35) од Радовиш. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.
Вчера, во ОВР Гевгелија, во присуство на родител, бранител и социјален работник, бил извршен службен разговор со 17 – годишник од гевгелиско село. При претрес на неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени повеќе пакувања со марихуана, предмети со остатоци од марихуана, семки од растението канабис, две дигитални ваги, два грендери и други предмети. Дополнително, во ОВР Гевгелија бил повикан и братот на малолетникот и со него, исто така, бил извршен службен разговор за потекло на пронајдените предмети.
На 12.03.2025 во 11.30 часот во Валандово, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово го лишиле од слобода В.З.(49) од Валандово. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба биле пронајдени марихуана и семки од растението канабис.
Запознаени биле јавни обвинители од Основните јавни обвинителства во Струмица, Гевгелија и Радовиш и по документирање на случаите против лицата ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Ново на Сител
-

Поведена постапка за сообраќајната несреќа во Волково во која загина пешак
-

Грчките земјоделци во четврток и петок целосно ќе ги блокираат главните патни правци низ Грција
-

„Њујорк тајмс“: Најмалку 40 убиени во американскиот напад врз Венецуела
-

Уапсени двајца кавадарчани бидејќи украле клупа која припаѓа на општината
-

При ископ на земјиште во гостиварско пронајден цел арсенал оружје и муниција
-

Уапсена 36-годишна жена од Демир Капија, си го истепала сопругот
-

Мицкоски: Проектот Градски воз ќе се гради во три фази, се очекува драстично намалување на користењето на моторни возила
-

Мицкоски: Владата не сака репресивни мерки, но дел од маркетите не се корегираат, ќе има законски измени
