Предложени претставниците на партиите во работната група за Изборниот законик

Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска информира дека политичките партии ги предложиле претставниците со кои ќе учествуваат во работната група за Изборниот законик.
Списокот со предложените партиски претставници е веќе пред министерот за правда Игор Филков и се чека да ја закаже првата средба. Од владејачките ВМРО-ДПМНЕ во работната група ќе бидат пратениците Антонијо Милошоски и Иванка Василевска, од ЗНАМ ќе бидат Павле Арсоски и Даниел Стојчевски, од ВРЕДИ – Саранда Имери и Зеќирија Таири.
Од опозициската СДСМ во работното тело за изборниот законик ќе учествуваат координаторот Оливер Спасовски и Јована Тренчевска, од ДУИ поранешната пратеничка Арта Биљали Зендели, како и Блерим Беџети, а од Левица – Борислав Крмов и Реџеп Исмаил. Од крилото на Алијанса за Албанците предводена од Зијадин Села, претставници ќе бидат пратениците Илире Даути и Елми Азири, од крилото на Арбен Таравари се пратениците Ријад Шаќири и Халил Снопче, додека од Партијата на Турците е пратеникот Бејџан Иљас и од ЛДП Моника Зајкова.
Гаши на денешниот брифинг со новинарите нагласи дека очекува сите имплицирани во изборниот процес да бидат вклучени и да се донесе поквалитетен Изборен законик од претходните.
- Можам да кажам дека политичките партии веќе предложија, сите кои сакаат да бидат дел од работната група. Тие предложија имиња, ние ги препративме до Министерството за правда. Се слушнавме со министерот за правда дека многу скоро ќе ја имаме првата официјална средба, односно конститутивната седница на работната група, и така ќе се договориме за принципите на работната група на Изборниот законик. Се надевам дека ќе биде со зголемена динамика, ќе се одвиваат разговорите во Собранието и на крај, заедно консензуално вклучени сите во процесот не само политичките партии, и експерти, сите други институции кои се имплицирани во изборниот процес да бидат дел од процесот за даонесеме Изборен законик кој ќе го прифатиме сите на крај ќе го изгласаме и ќе биде многу поквалитетен од претходните, рече Гаши.
Тој потенцира дека се уште нема информации дали станува збор за целосно нов закон или само за измени на постојниот текст на Изборниот законик.
- Сè уште немаме таква информација. Тоа ќе биде доставено од министерот за правда на првата средба. Така се договоривме на првата координација со Министерството за правда, кога ќе се формира работната група, да го имаме и текстот. Тогаш ќе видиме дали имаме текст за измени на Изборниот законик или за целосно нов текст, рече спикерот Гаши.
На лидерската средба што неодамна ја свика премиерот Христијан Мицкоски, беше договорено дека е потребен нов изборен законик што треба да биде готов до јуни. Изборниот законик е дел и од Реформската агенда. На последната средба на координаторите на пратеничките групи и на министерот за правда беше констатирано дека ако пратениците утврдат, ќе се менува повеќе од една третина од Изборниот законик. Во тој случај ќе треба да се изготват нови изборни правила, во спротивно ќе се менува постојниот.
МИА
Ново на Сител
-

Тошковски: Безбеден град не е за парично да ги оштети граѓаните туку да спаси живот повеќе, зголемен прагот на толеранција за возачите
-

Лазаров: Со добар план подготвени да ги дочекаме дуелите
-

Казнетата новинарка Вејсели: Срамен преседан е да бидам казнета зашто го објавив името на судијата, во Тетово и Гостивар не е како во Скопје
-

Во куќа во Ѓорче Петров фрлени две запалени стаклени шишиња, повредени нема
-

Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд, на планините од снег
-

Мицкоски: Над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти се подигнати, искористеноста околу 99 проценти
-

Мицкоски: Податоците за индустриското производство се потврда за напорната работа, уште подобри резултати во периодот што следи
-

Акциска контрола на СВР Тетово, одземени ножеви и боксирач од малолетници
