Македонија
17. October 2024 - 12:14

Претрес во валандовско, пронајдена дрога, приведен дилер

На 16.10.2024 во 17.30 часот, полициски службеници од СВР Струмица - ОВР Валандово го лишиле од слобода В.М.(27) од село Раброво, валандовско. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени бела прашкаста материја, најверојатно амфетамин, марихуана и предмети со остатоци од прашкаста материја.

Лицето било задржано во Полициската станица Струмица, и за настанот бил запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Струмица. По документирање на случајот, против В.М. ќе биде поднесена соодветна пријава.