Македонија
2. November 2018 - 11:11

Претрес во домот на тетовчанец, еве што пронајде полицијата

Вчера во периодот од 14.00 до 14.50 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Тетово извршиле претрес во домот на лицето А.Е.(42) на улица „Илинденска “ во Тетово.

При претресот биле пронајдени хероин, лап топ и рачен часовник, кои биле одземени и дадени на вештачење.

А.Е. бил приведен и задржан во полициска станица за понатамошна постапка.