Претепал припадник на ЛГБТИ заедницата, скопјанец заработи условна осуда
По поднесено обвинение од Основното јавно обвинителство Скопје, Основниот кривичен суд Скопје донесе пресуда врз основа на признание на вина против 30-годишен скопјанец за кривично дело насилство во квалификаторен облик сторено од омраза, казниво според член 386 став 5 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.
- Сега осудениот Ф.Г. ја призна вината онака како што беше наведено во поднесеното обвинение, односно се изјасни дека делото го сторил од омраза кон оштетениот заради неговата сексуална ориентација и припадност кон ЛГБТ заедницата. Грубото насилство го извршил на 31.08.2022 година, на плоштадот „Скендер-бег“ во Скопје за време на јавен собир на граѓани за солидарност и поддршка во врска со насилство врз 11-годишно девојче од Косово. Додека чекале собирот да почне, Ф.Г. му се приближил на оштетениот, почнал да го навредува, а потоа и физички го нападнал, удирајќи го со клоци и тупаници по главата и телото и нанесувајќи му телесни повреди. Со насилството предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв и кај други лица присутни на местото, соопштија денеска од Јавното обвинителство на Република Северна Македонија.
Основниот кривичен суд Скопје го огласил Ф.Г. за виновен и му изрекол условна осуда, казна затвор во траење од една година, која нема да се изврши доколку не стори ново кривично дело три години по правосилноста на пресудата.
- Исто така, определена му е и алтернативна мерка – заштитен надзор во период од две години по правосилноста на пресудата за која е определено да ја врши надлежната пробациска канцеларија на подрачјето на Основниот кривичен суд Скопје и за надзорот да го известува судот. Доколку осудениот во наведениот период не ја исполнува обврската за користење на слободното време според оцена на надлежниот орган согласно закон, судот ќе ја отповика условната осуда,се појаснува во соопштението.
Основниот јавен обвинител на ОЈО Скопје неодамна назначи посебен јавен обвинител задолжен да го следи постапувањето во предметите за кривични дела сторени од омраза и дискриминација.
Ново на Сител
-
Груби ги демантираше наводите за неговата поврзаност со палењето на македонско знаме, побара јавно извинување
-
Највисока снежна покривка од 68 см во Маврови Анови, најмногу дожд во Крушево
-
Русија со дронови ги нападна Киев и Херсон
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја