Претекува езерото „Младост“ кај Велес
Деновиве преку браната претекува водата во велешкото езеро „Младост“, кое се полни со вода од Отовичка и Рудничка и од уште неколку помали реки.
Според информацијата од Центарот за управување со кризи за МИА, денеска нивото на водата во езерото изнесува 246 сантиметри и 83 милиметри, а 247 сантиметри е граничната точка од која се прелева водата од езерото преку браната.
- Ваквата состојба е веќе два-три дена колку што и се прелева водата во езеро „Младост“. И покрај прелевањето, нема опасност по браната бидејќи пред две години е поправен и одлично функционира системот за испуштање вода од браната, информираше Златко Костов од Центарот за управување со кризи.
Инаку лани на 26 февруари првпат по 30 години се прелеа вода преку браната на езерото „Младост“.
Ново на Сител
-
Од полноќ поскапуваат горивата
-
Најтопло во четврток, петок и сабота со температури до 39 степени
-
Струмичанец со тројца малолетници нападнале брачен пар во нивниот дом, го повредиле сопругот со остар предмет
-
Миле Јанакиески излегува од затвор
-
Петок пред Духовден, 21 јуни, неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога, приведено едно лице
-
Нетанјаху ја распушти воената влада
-
Приведен криумчар на мигранти