Македонија
8. December 2015 - 9:58

Преставата „Женидба“ во изведба на кавадаречкиот тетар прикажана пред кумановци

Театарот од Кавадарци синоќа пред кумановската публика ја изведе преставата „Женидба“ по текст на Николај Васиљевич Гогољ, а во режија на Драган Велјановски. Пред кумановци настапија членовите на театарот од ЈОУ-Дом на култура „Иван Мазов-Климе“.

- Ликовите во претставата се преувеличани и искарикирани. Мојата намера беше да извлечам повеќе хумор, изјави режисерот Велјановски.

Тој изрази задоволство од актерите кои покажале многу добра соработка.

Во „Женидба“ настапија Владанка Недева, Снежана Карова, Милица Гочевска, Видан Станоев, Диме Коцевски, Љупчо Настов Костадин Прокопов, Александар Малинков, Валентина Ѓорѓиева, Деан Атанасов и Коле Колев.

Преставата „Женидба“ освен во Кавадрци била изведена во Демир Капија, Гостивар и Куманово, а ќе биде изведена и во Делчево и Скопје.