Преспанските овоштари задоволни од цената на јаболката
Цената на конзумното јаболко е добра, а Владата денеска на седница треба да одлучува за интервентна мерка од три денари за килограм индустриско јаболко, информира за МИА претседателот на Здружението на овоштари во Преспа, Љубе Пампулевски.
Според него, цената за прва класа јаболка се движи од 12 до 15 денари и бележи благ пад од почетокот на бербата кога била меѓу 16 и 18 денари по килограм.
- Очекувам да се стабилизира цената на пазарот и да нема пад. Досега сме задоволни од тоа како тече откупот на трпезното јаболко, кое годинава е со добар квалитет. Интервентната мерка на Владата од три денари за килограм индустриско јаболко, која ни беше ветена ќе овозможи овоштарите во местата погодени од град да покријат дел од трошоците, истакна Пампулевски.
Земјоделската задруга „Крани“, каде е потпретседател, Пампулевски информира дека имала договор со откупно-дистрибутивниот центар „Ејпл ленд“ за 1.000 тони јаболка од сортата ајдарет по цена од 15 денари.
- Во бербата јаболката имаат максимална тежина. Истиот ден се ставаат во гајби и се носат во ладилникот, при што не се губи на килажа, ниту на квалитет, а цената е одлична, вели Пампулевски.
Досега, појасни, биле доставени околу 850 тони и за два до три дена ќе ја испорачаат договорената количина.
Во Преспа годинава се очекува над 130.000 тони јаболка, од кои речиси половината се оштетени од град, кој неколкупати го зафати регионот. Досега, Владата субвенционираше индустриско јаболко предадено во македонски капацитети, но поради големите количини и малите преработувачки капацитети во државата, кои може да откупат 15 до 20 тони, овоштарите бараа субвенционирање и на остатокот што ќе оди за извоз, најчесто во соседните земи.
Ново на Сител
-
Македонското и косовското МВР не откриваат дали Груби и Бајрами се лоцирани во Косово
-
По 4 дена од ДУИ порачаа дека не се совршени, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ си ја префрлаат вината за бегството на Груби
-
Анализа: Кои убиства беа расчистени?
-
Тошковски одговори на обвинувањата
-
Мицкоски од Брисел: Македонија никому не оспорува ништо и не сакаме нас да нè оспоруваат
-
Нови пропусти и нови казни за Детска клиника и директорот по надзорот на ДСЗИ
-
Како се слави Свети Никола?
-
СДСМ: Тошковски да си поднесе оставка