Премиерот на Грузија: Руски војници убија Грузиец во близина на границата
Руски војници денеска убија Грузиец распореден долж линијата на фронтот меѓу отцепениот регион Јужна Осетија поддржан од Москва и територијата под грузиска власт, изјави грузискиот премиер. Иракли Гарибашвили во изјава на својата Фејсбук страница рече дека руската армија убила еден грузиски државјанин, а притворила друг во близина на селото Кирбали, недалеку од границата.
Тоа е првиот смртен случај на границата откако Русија и Грузија војуваа за Јужна Осетија во 2008 година. Линијата на контрола останува недефинирана, а апсењата на цивили околу границата остануваат секојдневие. Руските сили се стационирани од 1992 година во Јужна Осетија, мал отцепен регион што поголемиот дел од светот го признава како дел од Грузија.
Русија ја призна независноста на Јужна Осетија и Абхазија, уште еден отцепен грузиски регион, многу брзо по војната во 2008 година.
Двете територии се отцепија во крвави конфликти, а поддршката на Москва за двата региона го поттикна антируското расположение во Грузија.
Ново на Сител
-
Адвокатите на Палевски тврдат дека тој на 27 ноември 2023 бил во банка, побараа и утврдување на базните станици на неговиот телефон
-
ЕУ изрази загриженост поради случувањата во српското Собрание
-
Шолц и Зеленски се согласија дека Трамп е клучен фактор во мировните преговори
-
Дуда: Се надевам дека Трамп ќе биде остар и со Путин, а не само со Зеленски
-
Кривична пријава против полициски службеник за примање поткуп
-
Мицотакис: Граѓаните преку големите протести побараа вистина и правда, но и Грција да се издигне уште повисоко
-
Палчо приложил уплатница од банка од денот на убиството на Вања - Обвинителството не ја прифатило како доказ
-
Предистражна постапка против поранешниот директор Сашо Данго