Македонија
20. August 2024 - 11:11

Премиерот Мицкоски ќе се сретне со претседателката на Судскиот совет

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска заедно со министерот за правда Игор Филков ќе оствари средба со претседателката на Судскиот совет Весна Дамева.

Како што информираат од Владата, средбата доаѓа по бројните забелешки за работата на Судскиот совет, ниската доверба и отворениот повик на Владата за предлози за реформи во Судскиот совет.

По завршување на средбата, претседателот на Владата ќе даде изјава за медиумите.